Претседателката на Сојузот на Стопански комори Данела Арсовска ја објави кандидатурата на локалните избори за градоначалник на Скопје. Арсовска, чие име и досега се шпекулираше во јавноста за прв човек на главниот град поддржана од опозциската ВМРО-ДПМНЕ, се кандидира како независна, а најавата ја направи преку Фејсбук. Од ВМРО-ДПМНЕ засега не ја потврдуваат поддршката на Арсовска.