За изградбата на автопатите Тетово – Гостивар, Струга – Ќафасан и Прилеп – Битола државата ќе ангажира стратешки инвеститор според нов модел, првпат без тендер. Во наредниот период треба да се конституира Комитет за преговори со стратешкиот инвеститор „Бехтел и Енка“, а услови за тоа се создадени откако Собранието по скратена постапка завчера го изгласа Законот за таа намена, а претседателот Стево Пендаровски вчера го потпиша Указот за негово прогласување. Во меѓувреме, Државната антикорупциска комисија која смета дека законот претст�