Се уште активни се неколку пожари на територија на државата. Надлежните работат на нивно локализирање, а досега се приведени 17 лица кои се сомничат за подметнување и уште 16 се повикани на разговор во полициска станица. Пожарот кај селото Раовиќ во општина Сарај вчера претпладне бил локализиран по интервенцијата од воздух на двата армиски хеликоптери, но од попладнето повторно е активен на три места.