comparemela.com


Млада Турчинка украла 8 милиони евра во Германија: Не мислевме дека е толку паметна
1
2
3
06:55 - Вести
07:00 - Здраво Македонијо
10:00 - Играна серија
10:30 - Визита
11:00 - Вести
11:20 - Метео
11:30 - Македонскa приказнa
12:30 - Македонскa приказнa
13:15 - Лузни
14:30 - Во пламен
Германската полиција сè уште трага по Јасмин Гиндоган (28) од Бремен, која украла осум милиони евра од компанија за транспорт на безбедни пари „Лумис“ во Бремен на 21 мај, пишува списанието „Феникс“.
Прегледи:4452
Објавил:Administrator
05 јули 2021, 23:59
Пред неколку дена полицијата објавила нејзина фотографија и оттогаш германските медиуми не престануваат да пишуваат за неа и да го истражуваат животот на Јасмин Гиндоган. Тие ја нарекле убав крадец, а некои детали за Јасмин ги открил еден нејзин пријател од училиште.
Тој за германски Билд изјавил дека како дете Гундоган сакала да биде богата и убава. Носела облека од поевтини продавници, но сонувала за луксузен живот.
„Сите мислевме дека таа не е толку бистра“, рекла другарка од училиште. Но, прекрасната Јасмин изгледа е доволно паметна за да изврши еден од најспектакуларните грабежи во Германија.
Билд пишува дека Јасмин живеела со нејзината мајка и помладата сестра во градскиот округ Теренер во градот Бремен. Нејзиниот татко, наводно, нашол работа во компанија за транспорт на пари.
Истражителите сега се потпираат на информациите што би можеле да им ги дадат жителите, а исто така се заинтересирани за индиции за можните соучесници во грабежот.
Истрагата се води поради особено сериозен случај на кражба, за кој е предвидена казна затвор до десет години.
Да потсетиме, Гиндоган, која била одговорна за пакување и безбеден транспорт на пари во компанијата, украла контејнер со неколку вреќи исполнети со пари на 21 мај, а потоа отворила боледување.
Исчезнувањето на парите е откриено дури четири дена подоцна. Според претходните истраги, контејнерот со број 06414 бил вметнат во црн Мерцедес чии регистарски таблички биле претходно украдени.
Автомобилот бил изнајмен на 19 мај во берлинскиот кварт Спандау, а потоа бил вратен во дворот на компанијата што го изнајмувала, пренесува списанието Феникс.
Полицијата, која верува дека организиран криминал стои зад кражбата, објавила фотографија од Јасмин Гиндоган и ги замолува жителите кои имаат какви било информации за неа или други помагачи да пријават во Одделот за истражни кривични дела во Бремен.
Осомничената има турско потекло, а медиумите шпекулираат дека таа се засолнила кај своето семејство во Турција.
Бремен, заедно со Берлин и областа Рур, е еден од деловите на Германија каде е зголемена активноста на т.н. кланско злосторство со вклучени организирани банди од Турција и Блискиот исток.
Бидете информирани следете не на Facebook
Поповиќ не дал изјава, а Северина се надева дека ќе го гледа својот син почесто од секој втор викенд и половина од празниците, колку што сега може да го види, според судската одлука. "Мислам дека ова беше веќе договорен случај, дека детето ќе биде однесено во Србија и дека никогаш повеќе нема да го видам. Мојот син е сега со мене, имаме летни одмори до 15 јули, ќе одиме на море подоцна ", рече Северина за ТВ Дневник Нова.

Related Keywords

Germany ,Phoenix ,Arizona ,United States ,Berlin ,Turkey ,Turkish ,German , ,Young ,Mercedes ,German Build ,Jasmine View ,Jasmine Live ,Berlin District ,ஜெர்மனி ,பீனிக்ஸ் ,அரிசோனா ,ஒன்றுபட்டது மாநிலங்களில் ,பெர்லின் ,வான்கோழி ,துருக்கிய ,ஜெர்மன் ,இளம் ,மெர்சிடிஸ் ,ஜெர்மன் கட்ட ,பெர்லின் மாவட்டம் ,

© 2024 Vimarsana

comparemela.com © 2020. All Rights Reserved.