Пожарот кај Топлица е локализиран и регионалниот пат Прилеп- Градско е прооден. Повремено се појавува пожар околу селата Топлица и Ракле, но екипите на терен веднаш го гаснат. Но, проблем е пожарот кај Смолани каде гори нискостеблеста шума и е многу блиску до боровата шума, вели прилепскиот градоначалник.