comparemela.com


Без струја утре жителите на Студеничани и Карпош
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Студеничани и Карпош, соопштуваат од РЦУК – Скопје.
Прегледи:1286
Објавил:Administrator
04 август 2021, 09:36
Во периодот од 9:00 до 12:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од селата Вртекица, Рамни Габер, Пагаруша, Долно и Горно Количани, општина Студеничани.
Во периодот од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе останат корисниците од булеварот „Партизански Одреди" и улиците „Софиска" и „Петар Драганов", општина Карпош.
Бидете информирани следете не на Facebook
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во објава на Фејсбук упати благодарност до полицијата за ангажманот во справувањето со пожарите.
Прегледи:295
Објавил:Administrator
04 август 2021, 18:04
-Старата мудрост вели дека на маката се познаваат јунаците. Имајќи ги предвид изминативе два дена можам со чисто срце да кажам дека сум горд на македонската полиција. Таа беше повторно на првите борбени редови, овојпат со огнената стихија, заедно со нашите пожарникари, армијата, шумската полиција, нашите граѓани. Би сакал да изразам посебна благодарност до сите нив, без разлика дали се дел од полициските патроли, од специјалните полициски сили, од граничната полиција, независно од која полициска станица притрчаа на помош, покажувајќи силна солидарност со колегите и со граѓаните ... сите беа на висината на задачата!, напиша Спасовски.
Тој посочува дека благодарение на нивната професионалност, изградените вештини, смиреноста и пожртвуваноста успеваат ситуацијата да ја стават под контрола.
-Им благодарам затоа што по којзнае кој пат ја ставија безбедноста и благосостојбата на другите пред сопствените, што покажаа што значи во пракса да се биде во служба на граѓаните, затоа што уште еднаш на дело покажаа дека БЕЗБЕДНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ Е ЗАЕДНИЧКИ ПРИОРИТЕТ!, истакна Спасовски.
Претплатете се на нашиот newsletter
Пет хеликоптери од кои два македонски и три српски се на пат кон Пехчевскиот регион и заедно ќе го гаснат големот пожар што се заканува на околните села, изјави попладнево в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.
Прегледи:136
Објавил:Administrator
04 август 2021, 18:01
Тој апелира на смиреност и запазување на мерките за безбедност.
-Без паника! Безбедноста на луѓето на прво место! Доколку некој е загрозен од пожарот веднаш нека се оддалечи на безбедно. Нови куќи се прават, нови дрвја ќе пораснат, изгубените животи на луѓето нема да се вратат! Затоа апелираме за запазување на мерките за безбедност. Безбедноста на луѓето на прво место!, се вели во писмената изјава на Ангелов.
Претходно во Пехчево заседаваше Кризниот штаб на кој беа утврдени насоки на делување за справување со пожарот.
Градоначалникот Драган Тренчовски изјави дека Пехчево се преземени мерки и побарана е помош за справување со пожарот.
-Лоша е стуацијата со пожарот, бидејќи се префрли и дојде во делот над селата Робово и Умлена. Пожарот е високо на шумските предели над селата, но се шири на голема површина. На терен се екипи на ТППЕ од Берово и Пехчево, како и од Шумското стопанство, Центарот за управување со кризи и ДЗС, а имаме насоки дека ќе добиеме поддршка од воздух, односно треба да пристигнат два хеликоптера. Исто така, имаме насоки дека ќе добиеме помош од соседна Бугарија од каде е испратена екипа со 25 луѓе, информираше Тренчовски.
Претплатете се на нашиот newsletter
Привршуваат работите на мостот кој треба да ја поврзе Општина Аеродром со Гази Баба... Очекувањата се дека веќе од идниот месец ќе биде целосно завршен за од следната пролет да биде пуштен во употреба.
Прегледи:248
Објавил:
Тамара Стојкова
04 август 2021, 17:57
Со полна пареа се работи на новиот мост во Аеродром. Градежните инжинери кои работат на овој проект велат дека во тек е изведбата на горниот строј на конструкцијата. Нема надворешни фактори поради кои рокот би бил пробиен па, како што истакнаа, комплетниот изглед овој мост граден по современи стандарди ќе го добие веќе следниот месец.
„На овој проект моментално се ангажирани околу 80 тесари, 25 армирачи и 12 луѓе од инжинерско-технички кадар. Рокот за завршување е предвиден за крајот на септември. Сметаме дека засега нема некои причини кои што би го пролонгирале рокот на завршување, активно работи на завршување на изградбата.“
Паралелно се работи и на новиот булевар кој практично ќе ги спои истокот и западот на главниот град. Ќе има по три коловозни ленти во секој правец. Со ова ќе се растеретат гужвите кои секојдневно ги има на булеварот „Киро Глигоров“ на кој, освен околните жители, гравитираат и камиони од индустриските зони кои патот го користат за излез од Скопје.
„Најмногу ќе им олесни на сите жители на градот Скопје и сите оние кои што транзитираат низ градот за полесно да преминат од едната страна до другата страна на реката Вардар за коешто понекогаш знае да потрае повеќе време.“
По новиот коловоз возачите ќе сообраќаат од следната пролет.
Бидете информирани следете не на Facebook

Related Keywords

Germany ,Belgium ,Slovenia ,Italy ,Sweden ,Bulgaria ,Russia ,France ,Turkey ,Greece ,Romania ,Swedish ,Greek ,French ,Allen Fisher ,Studenicanii Karposh ,Astrai Johnson ,A French Council ,A Health Vasilis ,Data Of Ministrya Health ,Commissiona Green Light ,European Union ,Swedish Agency ,Russia Or China ,Health Vasilis ,New School ,Green Light ,Slovenia Color ,Slovenia Government ,French Council ,Under World ,European Region ,ஜெர்மனி ,பெல்ஜியம் ,ஸ்லோவேனியா ,இத்தாலி ,ஸ்வீடந் ,பல்கேரியா ,ரஷ்யா ,பிரான்ஸ் ,வான்கோழி ,கிரீஸ் ,ரோமானியா ,ஸ்விட்ச் ,கிரேக்கம் ,பிரஞ்சு ,ஆலன் மீனவர் ,ஐரோப்பிய தொழிற்சங்கம் ,புதியது பள்ளி ,பச்சை ஒளி ,பிரஞ்சு சபை ,கீழ் உலகம் ,ஐரோப்பிய பகுதி ,

© 2025 Vimarsana

comparemela.com © 2020. All Rights Reserved.